Вечерва во Струга се игра езерското дерби помеѓу РК Струга и РК Охрид

- Локални, Спорт
485

После спектаклот по повод триесет години „Паткари“ – Струга, на ред е езерското дерби. Екипата на РК Струга, на домашен терен вечерва ќе ја пречека екипата на РК Охрид, во спортски центар „Тими“ со почеток во 19:30 часот.

„Упатуваме повик до сите сегашни и некогашни членови, сите подгрупи, сите стружани, да ја наполниме салата за нова победа на нашите миленици, за победа над комшиите. 19.10.2019 сабота, 16:30 часот, собир  во Паркот на поезијата. Биди и ти дел од црвената струшка армија, биди дел од „Паткари“- повикуваат од струшката навивачка група.

Натпреварите помеѓу РК Струга и РК Охрид привлекуваат големо внимание кај струшките и охридските љубители на ракометот и секогаш се играат во преполни спортски сали.

Strugaonline

Facebook Коментари