Вербална расправија за неисплатен долг прераснала во физичка пресметка во Струга

- Локални, Хроника
256

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(21) од струшкото село Октиси.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 27 минатиот месец, пред семејната куќа на Н.Б. во Струга, каде започнал вербална расправија со него за неисплатен паричен долг а потоа и физички го нападнал. Во еден момент, тој  од седиштето на скутерот извадил нож и  се упатил кон оштетениот со намера да го нападне, но притоа бил спречен од соседите.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари