Веслачите од „Црн Дрим“ -Струга се вратија со медали од регатата во Пловдив

- Локални, Спорт
1574

Клубовите „Југ“ од Охрид и „Црн Дрим“ од Струга учествуваа на меѓународната веслачка регата „Пловдив 2017“ во соседна Бугарија.

Македонските веслачи натпреварувањето го завршија со три освоени медали, од кои Марјан Николоски од ВК Црн Дрим – Струга се закити со сребро во дисциплината Скиф-сениори. Ксенија Краљевска (ВК Црн Дрим – Струга) освои бронзен медал во дисциплината мешани двојки „дубл скул“, а со бронза се закити и Магдалена Карамитреска (ВК Црн Дрим – Струга) во дисциплината скиф јуниорки.

Марио Јованоски  од ВК Црн Дрим-Струга доби награда за најперспективен тренер.

Посебно признание за особени заслуги за развој на овој спорт во нашата земја, но и на Балканот, доби и претседателот на Веслачката федерација на Македониа, Здравко Голабоски.

Учеството на македонските клубови на  оваа меѓународна веслачка регата беше организирано од страна на Веслачката федерација на Македонија, а на регатата учествуваа и голем број клубови од Бугарија, Романија, Турција, Унгарија, Србија и Македонија.

Извор и фото: ekipa.mk

Strugaonline

Facebook Коментари