Веслачки клуб ,,Црн Дрим“ од Струга со одлични резултати на Меѓународната регата во Пловдив

- Локални, Спорт
514

На меѓународната веслачка регата која изминатиов викенд се одржа во Пловдив , Бугарија учествуваше и веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга.

Mладите струшки веслачи во силна конкуренција  постигнаа одлични резултати .

Климентина Стојмиловска го освои првото место во дисциплината скиф за кадетки

Елена Столеска го освои второто место во дисциплината скиф за јуниорки

Ана Прентоска заврши како трета , а Евгенија Грданоска како осма во трката скиф за пионерки.

Андреј Симоновиќ и Цвете Димоски го освоија третото место во дисциплината дубл за пионери , а Леон Шутиноски и Александар Хиохи завршија како четврти .

-Никола Мариноски и Владимир Голабоски го освоија петтото место во дисциплината дубл за јуниори.

-Кристијан Китаноски во дисциплината скиф за кадети го освои четвртото место

-Вања Кукунеш заврши на шестото место во дисциплината скиф за пионери.

Струшките веслачи ги предводеше тренерот Марјан Влаќески , а специјано признание доби претседателот на ВФМ , Здравко Голабоски за долгогодишната успешна соработка меѓу ВК Тракија Пловдив и ВК Црн Дрим Струга .

Strugaonline

Facebook Коментари