Вевчани беше домаќин на 28-те регионални спортски пензионерски натпревари

- Локални, Спорт
770

196 пензионери од Здруженијата на пензионери од Струга, Вевчани, Охрид и Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Дебар и Центар Жупа, и Лабуништа учествуваа на 28-те регионални спортски пензионерски натпревари од четвртиот регион, што во организција на СЗПМ се одржаа во Вевчани.

Спортските игри за отворени ги прогласи градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски, а пред пензионерите и публикате се обратија и претседателот на ЗП Вевчани и на Извршниот одбор, Витомир Костојчиноски и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова.

Пензионерите се натпреваруваа во 11 дисциплини во машка и женска конкуренција, а најдобри резултати постигна ЗП Охрид и Дебарца со 11 први места. ЗП Струга имаше 5  први места,  ЗП Кичево две први места, а по едно прво место имаа ЗП Дебар и  ЗП Македонски Брод.

Најуспешните екипи и поединци ќе учествуваат на Републичките спортски игри што ќе се одржи во средината на семптември.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари