(ВИДЕО) Христијан Миладинов ја промовираше рок-баладата „Под месечината“

- Локални, Музика
884

Mладиот и талентиран музичар Христијан Миладинов од Струга, ја прмовираше својата најнова песна насловена како „Под месечината“. Станува збор за рок балада каде Миладинов се јавува како кант автор. За Strugaonline вели дека инспирацијата ја добил од самото време во кое живееме кога технологијата зема се’ поголем замав, а така забораваме на многу поубави и поважни работи. Слушнете како во оваа музичка нумера, човекот се менува под месечината. Песната е снимена во студиото на Антонио Пејоски, на тапани свири Марко Ложаноски, Младен Тодоровски на клавијатури, а придружните вокали ги пее Мила Василеска. Спотот го изработи „Мега“ продукција.

Strugaonline

 

Facebook Коментари