(ВИДЕО) Meто Ди Флеш ја промовира новата песна насловена како ,,Среќа е“

- Локални, Музика
374

Мето  Ди Флеш ја промовира неговата нова кант-авторска песна насловена како ,,Среќа е.“

Во оваа весела поп-рок нумера му гостуваат 39 пејачи-аматери кои што се редовни гости на сите негови караоке шоуа низ Македонија.

Во ,,Среќа е“ освен Мето, пеат и студенти, инженери, полицајци, сопственици на бизниси и други талентирани љубители на музиката на возраст од 19 до 55 години.

,,Во мојата нова песна реализирам проект кој што одамна го имам замислено. Овие луѓе кои учествуваат во песната се мои верни караоке-придружници од цела Македонија, иако не се музичари по професија, многу се талентирани и сега добија можност да го покажат тоа. Пораката на песната е баш како и насловот,  среќата и заедништвото. Токму затоа ја промовирам во период на овие убави празници.,,-вели Мето.

Спотот е сниман во локал во Штип каде Мето често настапува и ја отсликува прекрасната атмосфера која публиката ја доживува на неговите настапи.

Strugaonline

Facebook Коментари