(ВИДЕО) Стружанецот Христијан Миладинов ја промовира новата песна ,,Сетнина“

- Локални, Музика
449

Младиот музичар Христијан Миладинов од Струга ја промовира својата седма авторска песна насловена како ,,Сетнина“

,,Ова е песна за брзото минување на времето, лекции кои среќата и тагата ни ги одржуваат секој ден. Пораката на песната е дека е сосема во ред да бидеме исплашени, сите патувајќи кон иста цел, по патеката наречена живот.“-вели за Strugaonline Христијан Миладинов кој освен изведувач е и автор на музиката и текстот на оваа песна.

Аудиото е снимено во студиото на Димче Китрозоски, придржните вокали ги испеа Жармена Китрозоска. Видеото е дело на Номе Боцески, а истото го едитираше Стефан Стојкоски.

Спотот е снимен во Кадмо бар во Охрид и низ охридските улици.

Strugaonline

Facebook Коментари