Викендов во Струга се одржа првата еко-регата во рамки на проектот „Зелен Кајак“

- Локални, Спорт
69
Под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“ изминатиов викенд на „Машка Плажа“ во Струга, беше успешно спроведена првата еко-регата како дел од проектот „Зелен Кајак“, во организација на Кајак кану клубот ДРИМ од Струга.
На настанот учествуваа спортски рекреативци, екологисти и волонтери поддржани од Кајак кану клубот „ДРИМ Струга“, Кајакарскиот клуб „СТРМЕЦ“ од Охрид, како и СУП клубовите од Охрид и Струга.
Стартот на еко-регатата беше на „Машка Плажа“, а собирањето на отпад се одвиваше долж крајбрежниот појас, во правец према Црвен Крст, Струга, во должина од 1 км. За неполн час, еко-волонтерите успеаја да соберат 250 кг отпад. За сите учесници следуваа симболични награди и дипломи.
Настанот беше збогатен со настап на DJ Александар Паноски и водителот Иван Лазороски.
Проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи спортови на вода.
Како дел од проектните активности, во партнерство со Европската асоцијација за кану и други национални асоцијации за кајак/кану, дополнително ќе бидат организирани уште неколку еко-акции во Бугарија, Хрватска и Србија, како и финална Еко-регата за чистење на Охридското Езеро и реката Дрим во 2023 година.
Носител на проектот е организацијата МЛАДИИНФО. Проектот е финансиран од Европската Унија, како дел од програмата ЕРАСМУС.

Facebook Коментари