Влатко Лозаноски ќе одржи голем концерт на 2-ри август во Охрид

- Локални, Музика
771

Во организација на Прагма Продукција, во петок, на 2-ри август, за големиот празник Илинден, концерт во Охрид  ќе одржи популарниот пејач Влатко Лозаноски.

Концертот ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ каде во живо ќе прозвучат хитовите „Километри“, „Мајко“, „Јако, јако“, „Надеж“ , „Ова лето ќе се памти“ и уште многу други песни од успешната кариера на Лозано кој моментално е еден од најпопуларните музичари во земјава.

– Со нетрпение чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори, напиша Влатко на неговиот профил на Facebook.

Strugaonline

Facebook Коментари