Влезот пред ОУ Браќа Миладиновци (старо училиште) доби нов лик

- Локални
214

Градоначаникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, го реши проблемот за учениците на ОУ Браќа Миладиновци (старо училиште).

Во текот на последните неколку недели,  Општина Струга е фокусирана на реализација на неколку проекти кои беа дефинирани за изведба. Завршија градежните работи за реконструкција на просторот помеѓу ООУ Браќа Миладиновци и Домот на културата, односно се изведе поплочување со бекатон плочки на влезот на училиштето, простор со површина од 370м2.

„Овој дел беше проблематичен години назад за учениците на ова училиште, претежно во врнежливите периоди оваа зона беше непроодна за возрасни и толку помалку за деца. Општина Струга го реши овој проблем создавајќи подобри услови за безбедноста на децата.“ – велат од Општина Струга

„Истовремено, ги повикуваме сите граѓани и родители на децата во ова училиште за да се почитуват сообраќајните правила,  да не поминуват со возила и да не  паркираат во делот што е поплочен со бекатон плочки. Да ги почитуваме најмалите во општеството, правајќи ги да се чуствуват безбедни. Ве молиме за разбирање и соработка.“-додаваат од Општина Струга.

Strugaonline

фото : Oпштина Струга

 

Facebook Коментари