Во недела РШ Струга Динг игра со РК Струга, на натпреварот ќе можете да донирате за Бојан

- Локални, Спорт
343

 

Во рамки на 11-то коло од пионерската лига РШ Струга Динг ќе игра со тимот на РК Струга. Натпреварот е закажан за во недела , 2-ри април, со почеток во 16:00 часот.

Овој натпревар ќе има хуманитарен карактер под мотото ,,Цела Струга за Бојан“.

Oд школата за ракомет информираат дека со оглед на тоа дека не наплаќаат влезници, на влезот на спортскиот центар Тими ќе биде поставена кутија за донација за нашиот млад сограѓанин Бојан Крстески кој е на лекување во Италија и потребни му се финансиски средства.

Поканети се сите љубители на ракометот и хумани граѓани да го гледаат натпреварот и да донираат.

Strugaonline

Facebook Коментари