Во недела во Струга ќе се одржи 12-то издание на Меѓународното и државно триатлон првенство „3Дисциплини триатлон.“ Натпреварувачи од повеќе земји ќе се натпреваруваат во неколку категории. Оваа трка всушност е и изборно првенство за репрезентацијата на Македонија каде што ќе бидат избрани репрезентативците кои нашата земја ќе ја претставуваат на Балканското првенство во Бар, Црна Гора на 23-ти и 24-ти септември. Деталите за овогодинешното издание на Меѓународното и државно триатлон првенство „3Дисциплини триатлон“ ги дознавме од организаторот, а воедно и тренер во клубот „3 Дисциплини“, Никола Кутаноски. Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк:
Извор и фото: Play radio
Facebook Коментари