Во недела во Струга меморијален кошаркарски натпревар во чест на Здравко Танески – Здравче

- Локални, Спорт
930

Во недела, 18-ти септември во спортската сала Нико Нестор во Струга ќе се одигра меморијален натпревар во кошарка во чест на Здравко Танески – Здравче.

Натпреварот е помеѓу екипите на К.К. ЦРН ДРИМ 007 од Струга и Г.К.К.ОХРИД од Охрид и ќе се игра со почеток од 17:00 часот .

Целта на овој спортски настан  е да се зачува споменот за ликот и делото на Танески кој беше  поранешен кошаркар во клубот „Црн Дрим“-Струга и поранешен кошаркарски судија.

Strugaonline

Facebook Коментари