Во недела во Вевчани ќе се играат четири натпревари од женската кошаркараска адриатик лига U17

- Локални, Спорт
651

Во недела, 23-ти февруари, во спортската сала „Владо Попески“ во Вевчани ќе се одиграат четири натпревари во рамките на женската кошаркараска адриатик лига U17.

Првиот натпревар е закажан во 11:00 часот кога се сретнуваат екипите на ЖКК Струга 2009 од Струга и WBC PVSK NKA од Унгарија.

Вториот дуел ќе се игра помеѓу екипите на ЖКК Бадел 1862 од Скопје и ЖКК Jedinstvo DZENEX од Босна и Херцеговина во 13:00 часот.

Два часа подоцна ќе се одигра дуелот помеѓу ЖКК Бадел 1862 и  WBC PVSK NKA.

Последниот натпревар во кој ќе се сретнат ЖКК Струга 2009 и Jedinstvo DZENEX е закажан за 17:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари