Во охридско Рамне пронајдени коски кои наликуваат на човечки

- Локални, Хроника
773

На 17-ти овој месец, околу 13:00 часот, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за забележани коски, кои наликувале на човечки.

– Коските биле пронајдени во месноста „Лозја“, во атарот на охридското село Рамне. По добиената информација, СВР Охрид оформи увидна екипа која, по овластување на Јавен обвинител веднаш излезе на посоченото место. Сe преземаaт дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари