Critical Mass-Струга ги повикува сите љубители на велосипедизмот во петок, на 31.03.2023 година, да дојдат со велосипед на градскиот плоштад во Струга, во 16:30 часот.
,,Ова е нова традиција во нашиот регион, организација на „Critical Mass Struga“, ќе се собереме на градскиот плоштад во Струга, и ќе одиме околу градот секој месец по улиците на Струга. Ова е само почеток на една стара традиција која ќе се повторува секој месец. Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.,, – се вели во соопштението.
Critical Mass е спонтана организација на велосипедисти, што се одржува со години во многу градови низ светот. Велосипедистите се среќаваат во последниот петок секој месец. Групата прави долг круг по градските улици, славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.
Велосипедистите ќе возаат низ следниве улици:
Туристичка, Маркс и Енгелс, Партизанска, Кеј Борис Кидрич, 15-ти Корпус, Владо Малески,
Пролетерски бригади, Боро Хаџиески и др.
Facebook Коментари