Во пожар утрово во Охрид почина 70-годишната М.Д

- Локални, Хроника
725

Рано утрово, околу 07:15 часот во стан на Бул. „Туристичка“ во Охрид, во сопственост на 70-годишната М.Д., од до овој момент непознати причини, избувнал пожар.

– Во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари