Во преполно игралиште и одличен ракомет заврши 47то издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“

- Локални, Спорт
181

Во преполно игралиште и одличен ракомет заврши четириесет и седмото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“. Натпреварите започнаа во 17:45 часот каде за петто место играа екипите на Бутел Скопје и Пролетер Зрењанин, Бутел го совлада Пролетер со резултат 34:29.

Потоа во 19:20 часот следуваше натпреварот за третото место помеѓу РК Струга и Ескилстуна Гуиф, струшкиот тим во последните минути од натпреварот имаше можност да дојде до израмнување но за жал изгубија од шведскиот тим Ескилстуна Гуиф со резултат 26:28.

 

Големото финале на четириесет и седмото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“ започна во 21:10 часот каде играа грчкиот тим А.Е.К. Атина и македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник, гледавме вистински ракомет и желба за победа.

На крај А.Е.К. Атина славеше над Еурофарм Работник со 27-23 и е освојувач на титулата на четириесет и седмото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2019“.

Финалето го следеше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, како вистински подржувач на спортот во Струга.

Бројна публика во одлична атмосфера ги следеше натпреварите на квалитетните екипи, организацијата на турнирот и годинава беше на висина на својата задача и ги исполнуваше очекувањата на љубителите на ракометот.

Извор и фото: StrugaOnline

Facebook Коментари