Во сабота четврто издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“

- Локални, Спорт
78

Во сабота во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.

Претседателот на федерацијата, Марјанчо Лазаревски, информира дека годинава се пријавени над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и секако Македонија.

„Ohrid Open“ од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства. Ќе имаме чест во Охрид да гледаме неколку европски и светски шампиони, како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е шесткратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во теквон-до ИТФ, така и во кикбокс. Генерален спонзор на натпреварот е „ПН Метал“, најзаслужен за издигнувањето на овој спортво Македонија и за сите нивни успеси. Овој натпревар е под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, изјави Лазаревски за Strugaonline.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и борби. Почетокот е во 09:00 часот со форми, околу 12:00 часот почнуваат борбите, а официјалното, свечено отворање е во 14:30 часот. Влезот ќе биде слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари