Во сабота стартува новата сезона на „Импровокација “

- Локални
637

„Импровокација“ ќе ја отвори  новата театарска сезона 2018/19 на Нарoден Театар Охрид, во сабота 15.09.2018 г. во 21:00 часот, на супер познатата локација – керал сцена.
Картите по цена од 200 денари може да ги купете во Музичката продавница Зи Зи Топ, или да резервирате на телефонскиот број 075 283066 (од 11:00-15:00 часот).

Актерската екипа составена од: Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифоски повторно се враќаат на сцена и ја започнуваат  петтата сезона  на театарската импровизација „Импровокација“.

Strugaonline

Facebook Коментари