Во сабота започнува осмото издание на ликовната колонија „Вевчански видувања“

- Локални
1030

3о-тина  реномирани имиња во областа на уметноста од Македонија и од странство ќе бидат дел од осмата ликовна колонија „Вевчански видувања“ во Вевчани.

Колонијата свечено ќе биде отворена на  на 24 јуни во ресторанот „Виа Игнација“

На отворањето кое е закажано за во 21:00 часот ќе настапи Тереза Кесовија, дама која е долги години на хрватската музичка сцена и зад себе има хитови кои ги знаат сите генерации.

Во текот на своето осумгодипно постоење ликовната колонија „Вевчански видувања“ заслужено доби значајно место во групата културни манифестации ширум светот. Во април годинава, дела од оваа колонија беа изложени и во Москва (во рамките на манифестацијата  „Арт – Балкан 2017),  а слики изработени на колонијата во Вевчани имаа можност да видат и љубителите на уметноста во Њујорк Софија и Подгорица.

 

 

Facebook Коментари