Во Струга јавна дебата за спроведените истражувања за општините во рамките на југозападниот регион

- Локални
652

Како дел од проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, финансиран од Европската Унија, се организира јавна дебата за спроведените истражувања за општините во рамките на југозападниот регион, со учество на претставници на општини и локални граѓански организации.

Дебатата ќе се одржи на 09.11.2018 година (петок), со почеток од 10:00 часот, во хотел Дрим, Струга.- информираат од Центар на заедница на Општина Струга

На јавната дебата ќе бидат презентирани изработените стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа,  по што ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето од областа за управување со човечките ресурси во локалните самоуправи.

Патните трошоци за лицата кои доаѓаат надвор од Струга ќе бидат покриени преку трансакциска сметка (со приложена сметка за гориво или автобуска карта).

Strugaonline

Facebook Коментари