Во Струга ќе бидат презентирани активностите за решавање на проблемот со реката Сатеска

- Локални
693

Во рaмките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” , УНДП организира презентација на реализираните и активностите кои се планирани да се спроведат во наредниот период за решавање на проблемот со река Сатеска.
Настанот  ќе се одржи во салата на Совет на Општина Струга, во понеделник 17.12.2018, во 12:00 часот. На презентацијата можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Реката Сатеска се смета за еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро, каде се влеваат големи количини нанос и отпад. Во септември годинава беше најавено дека за да се спречи натамошното загадување, се подговува проект за враќање на Сатеска во старото речно корито, негово проширување, чистење и одржување.

Strugaonline

фото: Општина Струга

 

 

Facebook Коментари