Во Струга одбележан 11-ти Октомври, денот на народното востание

- Локални
731

ОО на Сојузот на борци од Струга го одбележа 11-ти  Октомври, Денот на народното востание.

Делегации од Сојузот на борци, предводени од претседателот Ајарадин Мемеди, од Општина Струга, на чело со секретарот Соња Стојкоска, делегации од Сојузот на борци Охрид и Дебарца,АРМ, и останати претставници од јавниот живот положија свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата во центарот на градот.

Свечената  приграма започна со пригодно обраќање на председателот на ОО на Сојузот на борци за Струга,г-н Ајрадин Мемеди, кој истакана дека оваа година се одбележуваат 77 години од Народното востание ( 1941-2018)

Го прославуваме денот кога во големата 41-ва  го поведовме карвавото оро на четиригодишното оружено војување по овие наши родни, македонски полиња и планинини, во еден братски и нерскинлив борбен строј со сите останати народи и народности на Југославија.П ротив еден и ист,заеднички непријател, истакна Мемеди во својот реферат.

Teкст: Стојан Кукунешоски

фото: Данче Секулоска

Strugaonline

Facebook Коментари