Во Струга одбележан Меѓународниот ден на мирот

- Локални
776

Општинската организација на Сојузот на борциорците од Струга ,заедно со граѓаните предводени од претседателот на СЗБ за Струга г-н Ајрадин Мемети, пред зградата на организацијата се вклучија со активности за одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

Со Резолуцијата на Генералното собрание на ООН од 2001 година 21- Септември е прогласен за ДЕН НА СВЕТСКИОТ МИР.

Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, каде што  и Македонија е членка ,редовно секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветна програма.

– Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните поддржувачи од Струга ,на 21 Септември 2018 година овој историски ден се одбележа под мотото „Правото на мирот“ истакана Мемети.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари