Во Струга полициска акција за разбивање на мрежа на дилери

- Локални
821

Во Струга и Струшко се спроведува полициска акција за разбивање криминална мрежа на дилери на дрога.

Дел од медиумите објавија дека се приведени  повеќе лица, меѓу кои и функционер од јавна установа и полициски инспектор.

Од МВР за МИА го потврдиле случајот, но не откриваат детали за акцијата.

Најавија соопштение до крајот на денешниот ден.

извор: МИА/Фокус

фото: архива

Facebook Коментари