Во Струга се спроведува проектот „Унапредување на социјалната кохезија” – спортските активности се закажани за 5-ти јуни

- Локални
949

Денеска во просториите на Општина Струга, се одржа средба помеѓу претставници на Општина Струга и претставници на „Search for Common Ground“. Целта на средбата беше да се дискутира за проектот на УСАИД – „Унапредување на социјалната кохезија” – проект кој вклучува спортски активности со над 80 ученици од различни етнички групи.

На средбата присуствуваа и директорите на училиштата, за да придонесат на организацијата. Од Општина Струга информираат дека спортските активности ќе се одржат на 5-ти  јуни.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари