Во Струга свечено отворен новиот хотел ,,Фреја“

- Локални
1628

Вчера во Струга свечено беше отворен хотел ,,Фреја“.

Хотел Фреја е boutique хотел со модерен стил, лоциран во пешачка зона во централното градско јадро-чаршијата на Струга,  на оддалеченост од само 5 минути пеш до Охридското езеро и 4 минути пеш од реката Црн Дрим.  Хотелот нуди бесплатен Wi-Fi, 24-часа отворена рецепција, rooftop ресторан, спа и фитнес центар, како и конференциска сала.

Пространи и добро осветлени соби и апартмани со атрактивен ентериер и нов модерен мебел во неутрални бои, се опремени со клима уред, плазма ТВ, бесплатен Wi-Fi, работна маса, сеф, мини бар и електричен бокал.

Уживајте во специјалитети од регионалната кујна во ултра-модерниот rooftop ресторан со стаклен кров кој овозможува поглед кон Охридското езеро и центарот на градот Струга.

За рекреација и релаксација, гостите имаат бесплатен пристап кон спа центар опремен со соба за масажа, финска сауна, солена соба и топли столови, како и фитнес центар со опрема за кардио вежби и тегови.

Хотел Фреја е дестинација од избор за секој кој сака да организира совршена конференција или уникатен настан во Струга, со понуда на конференциска сала со капацитет од максимум 60 седишта, опремена со сета неопходна технологија за квалитетно одржување на настани.

Хотел Фреја е оддалечен 9км од Меѓународниот аеродром Св. Апостол Павле во Охрид. Паркинг места се достапни со претходна резервација.

Луксузни соби и апартмани за незаборавен престој. Хотел Фреја нуди двокреветни, трокреветни соби и апартмани. Сите соби се пространи и добро осветлени, со атрактивен ентериер и нов модерен мебел во неутрални бои, опремени со клима уред, плазма ТВ, бесплатен Wi-Fi, работна маса, сеф, мини бар и електричен бокал.

,,Ми претставува огромна чест и задоволство што не удостоивте со вашето присуство. Денес ви го претставуваме резултатот на еден обемен проект на кој што работевме подолг период, обидувајќи се да создадеме совршен простор за уживање согласно критериумите на модерното хотелиерство. Внимававме на секој детал, работевме со многу љубов и се надеваме дека ќе бидете задоволни од конечниот резултат. Хотел Фреја е бутик хотел, со 50 лежаи, конференциска сала, спа и фитнес центар, како и rooftop ресторан со поглед кон езерото, околните планини и Струшката чаршија. Бидејќи објектот е сместен во центарот на Градот, надворешноста поседува елементи на стара струшка архитектура, додека ентериерот е во метрополитен стил инспириран од Наша Струга.Стаклениот кров ни овозможува поглед кон Струшкото сино небо, кормилото и брановите се одраз на Езерото, мермерот на карпите и песокот на плажите, а дрвениот под и зелените елементи ја надополнуваат сликата на градот каде ДАРБИТЕ ПРИРОДНА СИЛА СО С’ТА РАСКОШ ГИ РАСТУРИЛА.,, – рече директорот на хотел Фреја, Г-дин Славчо Билјан

Тој во својот говор се заблагодари и на неговото семејство за безрезервната поддршка, без која, како пто вели,  сето тоа не би било возможно. Билјан изрази благодарност и на сите оние кои учествуваа во проектот Фреја и овозможија целата замисла да стане реалност.

 

Facebook Коментари