Во Струга тркалезна маса на тема: Со неформално образование до полесно вработување на младите

- Локални
755

Каква улога може да одигра неформалното образование за зголемување на капацитетите на младите и нивната вработливост? Дали постојат активни мерки кои им даваат можност на младите да стекнат нови, модерни и барани вештини преку неформално учење? Колку младите се запознаени со предностите на неформалното образование и каква улога игра граѓанскиот сектор? – Ова се само дел од прашањата на кои одговор ќе добиете на 12-ти декември,( среда) со почеток во 11:00 часот.

„Младиинфо Интернационал“ во соработка со „Порака Нова“ од Струга вe покануваат на тркалезна маса организирана во  рамките на проектот Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција, финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван во пет земји во регионот: Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и Албанија.

Тркалезната маса ќе се одржи во хотел „Дрим“-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари