Во Струга водосвет и сечење колач по повод Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста)

- Локални
785

Денеска,  со почеток во 11:30 часот на местото поранешна црква „Воведение на Пресвета Богородица“, локалитет „Параклис кај женска плажа“ ќе се одржи молебен, мал водосвет и сечење колач по повод Христијанскиот празник „Воведение на Пресвета Богородица во Храм“. Од одборот за возобновување на Храмот ги покануваат сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на поклонението на „Пресвета Богородица“.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари