Во тек се уписите за часови по соло пеење-популарна музика во едукативен центар „Таргет“

- Интервју, Локални
3082

Едукативниот центар „Таргет“ и понатаму заслужено го носи епитетот „посебен мал универзум“ за сите ученици. Покрај тоа што благодарение на стручниот тим на „Таргет“ учениците стекнуваат трајни знаења, се подготвуваат за тестови и писмени задачи, учат англиски јазик и уживаат во едукативни игри и квизови на знаење, овој едукативен центар се грижи и за развој на талентите. Токму затоа, од јануари ќе имаат можност да се едуцираат и музички талентираните ученици. За развојот на нивниот талент како и стручната музичка едукација ќе се погрижи Викторија Чочороска – дипломиран соло пејач – отсек популарни жанрови.

Strugaonline: Со какви се знаења ќе имаат можност да се стекнат  кандидатите кои ќе се пријават за часовите по соло пеење-популарна музика  кои ќе се одржуваат во Едукативен центар „Таргет“ ?

Викторија Чочороска: Кандидатите ќе имаат можност да се стекнат со квалитетна музичка подлога. Како подобрување на вокална техника, правилно дишење, интонација, дикција, чувство за ритам и темпо, третман на текстот, емотивна експресија, сценски движења, комуникација со публика, ослободување од трема, работа со микрофон. Изучување на многу жанрови од областа на популарната музика и многу други елементи.

Strugaonline: Планирани се две групи, врз основа на возраста, но истовремено, нудите можност и за индивидуални часови. На која возраст е најдобро да се почне со музичка едукација и што е пресудно, талентот или напорната работа?

Викторија Чочороска: Сметам дека пеењето од рана возраст има огромна улога во понатамошниот развој на детето и неговото созравање и запознавање со себе си. Возраста не е никаква пречка за почнување со музика доколку забележиме дека детето поседува голем талент. Талентот е секако најважна точка за започнување со музика, но откако сме констатирале дека се работи за талентирана личност главен фактор е напорната работа и усовршувањето на тој талент. Инаку планирани се две групи, првата за деца на возраст од шест до дванаесет години, а другата група од дванаесет години нагоре.

Strugaonline: Многу млади личности имаат желба да бидат музичари, кој е пристапот со оние кои се помалку талентирани? Мислите ли дека може да се достигне солидно пеење и солидни музички знаења ако се има желба, или едноставно без добра подлога која е дар од раѓање едноставно е невозможно?

Викторија Чочороска: Талентот од раѓање е многу важен.  Секако постојат деца што од рана возраст поседуваат огромен вроден талент и оние со помал. Пристапот во двата случаи е многу важен.  Доколку  децата со огромен талент не се посветат  на истиот и не го  негуваат правилно  се случува  да стојат во место.  Од друга страна  помалку  талентирана личност со голема работа и правилни вежби може да  достигне многу.  Секако, самиот глас се менува со текот на годините и во зависност од пристапот кон него. Најважно е да бидеме упорни и вредни.

Strugaonline: Започнаа уписите, каков е интересот до сега и од кој датум започнуваат часовите?

Викторија Чочороска: Уписите се веќе започнати, задоволни сме од досегашниот интерес. Со часови се планира да започнеме во средина на јануари. Ги покануваме сите дечиња и возрсни кои ја сакаат музиката, ветуваме многу работа и забава. Можност за подобрвање и многу уникатни концерти, мјузикли работени со професионалци и многу јавни настапи. Ќе имаат можност  за посетување на музички настани и да слушаат предавања  од други искусни музичари.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари