Во Вевчани промовирана збирката песни „Суштина на времето“од Виолета Пачевска

- Локални
1747

Во рамките на Вевчанското културно лето – ВЕВКУЛ,  во црквата „Свети Никола“ во Вевчани на 14-ти септември 2018 година беше промовирана збирката песни „Суштина на времето“од Виолета Мирче Пачевска.

Книгата е двојазична на македонски и српски јазик,а авторката која живее и твори во Панчево-Србија по мајка,татко ,баба и дедо има потекло од Вевчани.

Промотори на збирката песни беа истакнатите македонски писатели Мишо Китаноски Петко Шипинкаровски.

Младата поетеса, според промоторот Шипинкаровски, ја изнаоѓа синтагмата на поставувањето низ времето и животот како човеков правец  во безграничниот универзиум и временското постоење.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари