Во возбудлив натпревар, со реми заврши езерското дерби во Струга

- Локални, Спорт
93

Езерското дерби помеѓу Струга и Охрид вчера заврши нерешено, 17-17, со што двете екипи добија по еден бод, а публиката имаше можност да гледа многу возбудлив и драматичен натпревар, посебно во самата завршница.

На полувреме исто така беше нерешено (8-8)

Во вториот дел продолжи неизвесната игра, нашите ракометари поведуваа, охриѓани израмнуваа. РК Струга имаше неколку можности за да стигне до +2 , но не ги искористи. Шансата ја искрористија охриѓани кога после 14:13, Чагаљ погоди два пати, Даниловски одбрани потоа, а Тот донесе плус два за Охрид, 14-16 на седум минути до крајот. Потоа Рајатовски погоди два пати за ново израмнување 16:16, потоа беше 17:17.

Така остана до самиот крај бидејќи РК Струга не реализираше седмерец, а охриѓани не го реализираа последниот напад.

 

Strugaonline

фото: РК Струга

Facebook Коментари