Водата за пиење во Струга не е здравствено безбедна

- Локални
1238

Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга по однос на параметрите на матност. – информираат од Центарот за јавно здравје-Охрид.

Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центарот за јавно здравје-Охрид, претпладнево, констатирана е зголемена матност на водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.

Поради тоа,  и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на истата, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.

Согласно процедурите, известени се надлежните институции  и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.

Центарот за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод- Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари