Возач на трактор загина во тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар

- Локални, Хроника
885

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи синоќа во 18:55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар.

Во незгодата учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од охридското село Горно Лакочереј и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од струшкото село Велешта.

Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.
Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, а увид на местото на настанот изврши екипа од полициската станица Струга.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари