,,Враништа Б3“ е победник на турнирот во мал фудбал ,,Враншта 2022“

- Локални, Спорт
1185

Тимот на Враништа Б3 е победник на 28-то издание на турнирот во мал фудбал ,,Враништа 2022“.

Победничкиот тим доби парична награда во вредност од 80 000 денари. Екипата ,,Д-р Баткоски“ го освои второто место и награда од 34 000 денари.

Најдобрата тројка ја заокружи тимот на Книжарница Клио со парична награда во вредност од 17 000 денари.

Утешна награда од 3 000 денари доби екипата ,,Искра“ која беше четвртопласирана.

Strugaonline

 

Facebook Коментари