Вториот Меѓународниот младински турнир во шаx ќе се одржи во Вевчани

- Локални
853

Во периодот од 20-ти до 23-ти октомври во Вевчани ќе се одржи второто издание на Меѓународниот младински турнир „Ласкер Виа Игнација 2017“.

На овој турнир ќе учествуваат најдобрите млади шахисти од Албанија, Србија и Бугарија и Македонија. Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Владо Попески“ во Вевчани.

Организираторот на турнирот со меѓународен карактер е охридскиот шаховски клуб Ласкер со поддршка од Шаховска Федерација на Македонија, Ресторан Виа Игнација Вевчани, Општина Вевчани и ООУ Страшо Пинџур Вевчани.

Facebook Коментари