За прв пат во Македонија, татко и ќерка од Струга судеа кошаркарски натпревар 

- Локални, Спорт
1711

Во понеделникот во Струга се одигра првенствен натпревар од младинската М 18 лига помеѓу КК Црн Дрим од Струга и КК Албес од Скопје што заврши со победа на стружани со резултат 79-60.

Овој натпревар беше посебен по тоа што за прв пат во Македонија , кошаркарски натпревар судеше судиска двојка составена од татко и ќерка. Станува збор за кошаркарскиот судија од Струга Драгe Мицкоски и неговата ќерка Сара Мицкоска.

Мицкоска во полето кошаркарски судија дебитира на свои 15 години и се покажа во одлично светло , со потенцијал во иднина да прерасне во одличен судија.

,,Сара уште од мали нозе доаѓаше со мене на натпреварите, покажуваше многу голем интерес за кошарката, најпрво тренираше кошарка, а потоа  се посвети на тоа од мене да учи како се станува кошаркарски судија. Последниве три месеци интензивно се подготвуваше за да дебитира како судија заедно со мене. Судската комисија при Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија го следи трендот на млади судии како во FIBA, а токму оваа година е година на жената во FIBA.,,- изјави Драге Мицкоски за Strugaonline.

Toј изрази надеж дека ова ќе биде поттик за  сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од од судењето.

Strugaonline

Facebook Коментари