Забранета водата за пиење во Подгорци,Октиси и Калишта

- Локални
1037

Од извршените мерења на водата за пиење од водоснабдителниот објект МЗ с. Октиси -Струга , од страна на екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Охрид, земена е вода за лабараториска анализа во поглед на физичко-хемиската и бактериолошката исправност, при што со лабараториски преглед констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните .Поради тоа се забранува водата за пиење во селата Октиси, Подгорци и Калишта.

Од водоснабдителниот објект сопственост на МЗ с.Подгорци и МЗ с.Калишта Струга преку ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, земена е вода за лабараториска анализа о поглед на физичко-хемиската и бактериолошката исправност,при што со лабараториски преглед констатирана е зголемена матност во водата за пиење.-известуваат од агенцијата за храна и ветеринарство.

Извор и фото: spektra.com.mk

Strugaonline

Facebook Коментари