Загина жител на Делогожда, паднал од мопед во селото

- Локални, Хроника
545

На 31-ви август 2021 година, во 01:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека во струшкото село Делогожда, 61-годишниот Г.С. од ова село, управувајќи мопед марка „Генерик“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

– По незгодата возачот бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари