Започна Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2022“, ова се резултатите од првиот натпреварувачки ден

- Локални, Спорт
574

Синоќа во Струга свечено беше отворено 50-то јубилејно издание Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2022. “

Во првиот натпревар екипата на Еурофарм Пелистер славеше над домаќинот, РК Струга, со резултат 23:27.
Вардар ја запиша првата победа во премиерниот натпревар на јубилејнoто издание на Меѓународниот ракометен турнир против новиот суперлигаш Алкалоид со 24-22(12-10) во рамките на вториот натпревар на првиот натпреварувачки ден.
На последниот одигран натпревар од првиот ден на јубилејното 50. издание на Меѓународниот ракометен турнир меѓу екипата на Бутел Скопје и Целје, во рамки од групата А, триумфираше словенечкиот шампион, со резултат 31:20 (18:8).
Strugaonline

Facebook Коментари