Започна пријавувањето за шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

- Локални, Спорт
527

„Ако ракометот е твојот сон, ајде заедно да го сонуваме, да се забавуваме, дружиме, да создаваме камперски спомени…“ – вака капитенот Кирил Лазаров го најавува шестиот ракометен камп што на лето ќе се одржи во Охрид. Kaмпот и оваа година ќе се одржи во  спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“. Првата група учесници, на кампот ќе бидат во период од 19-ти до 25-ти јуни, а втората група од 25-ти јуни до 1-ви јули.

Oд агенцијата „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од врвен производител, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим.

Изминатите пет години на кампот „Кирил Лазаров 7“ учествуваа повеќе од 1.400 учесници, а истиот прерасна во еден од најпопуларните ракометни кампови во Европа.

Сите заинтересирани кандидати, електронска пријава можат да пополнат на овој ЛИНК

Strugaonline

Facebook Коментари