Започна пријавувањето за танго-работилниците за пензионери во Струга и Охрид

- Занимливо, Локални
108

Локалната агенција за развој- Струга ги најавува воедните танго работилници наменета пред се за  повозрасни сограѓани. Првата работилница ќе се одржи на 6-ти август во Охрид со почеток во 16:30 часот, а втората на 7-ми август во Струга со почеток во 18:30 часот .  Пријавувањето трае до недела (05-ти август) на телефон 072 310 147.


„Танцувањето ни овозможува да ги видиме и посегнеме по благородните аспекти во нас кои не ни се достапни во нашето секојдневие, a со тоа и да го подобри квалитетот на нашето живеење.
Дополнително танцувањето значи дружење, развеселување – директно влијае врз нашето физичко,емотивно и ментално здравје. Бројни студии го покажале позитивното влијание на танцувањето кај намалувањето на стрес, срцеви заболувања, подобрувањето на мускулната и менталната меморија,рамнотежата, остеопороза.“ -информираат од ЛАР-Струга
Тангото е прогласено од УНЕСКО за културно наследство на човештвото и е најдобар медиум за спроведување на погоре кажаното. Едноставно по форма, и лесно за изведување, со танго изразувањето лесно ја достигнуваме неговата примарна цел : социјализација и забава.

Strugaonline

Facebook Коментари