Започна првата фаза од реконструкцијата на базенот во Струга

- Локални, Спорт
1405

Денеска во Струга беше направен вовед во градба за реконструкција на пливачкиот базен , која беше ветена во владината програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Проектот е претставен како еден од најголемите проекти на Агенцијата за млади и спорт , а  базенот се очекува да биде ставен во функција на крајот на 2020-та односно почеток на 2021 година.

„Спортисти, пливачи и граѓани од Струга ми укажаа дека реконструкцијата на  пливачкиот базен е еден од главните приоритети на градот и нешто што ќе помогне Струга повторно да блесне во полн сјај. “ – изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Тој се заблагодари на сите институции и поединци околу собирање на потребната документација за да се започне со градба, а посебно се заблагодари на  Општина Струга за нејзината ангажираност изминатиов период, околу расчистувањето на базенот што овозможило денеска да се започне со непречена работа.

„Сметам дека со оваа реконструкција, стружани ќе добијат многу и спортот воопшто ќе добие многу. Нашата цел е на овој начин младината да ја тргнеме од улиците и од сите негативни влијанија и пороци, вака младите ги враќаме во базени и спортски сали.-додае Каевски.

Овој проект чини 30 милиони денари.

Strugaonline

Facebook Коментари