Започнаа градежните активности за реконструкција на базенот во Струга

- Локални, Спорт
2262

Започнаа градежните активности за реконструкција и повторно отварање на базенот во Струга.

„Со овој проект ќе се создаде нов, современ, идеално димензиониран енергетски ефикасен објект. Ова ќе значи поттикнување и развој на пливањето како спорт, зголемување на квалитетот на образованието и стекнување на здрави навики од најрана возраст како и рекрација на сите граѓани на Општина Струга.“ – изјави денеска Дарко Кавески, претседател на СДММ.

Тој додаде дека затекнале еден руиниран објект пред распаѓање и било тешко да се препознае дека базенот во Струга некогаш бил еден од најубавите базени во земјава.

„Поради неводење грижа подолг временски период, речиси една денеција комплексот е нефункционален. Во изминативе години бевме сведоци на ненаменско трошење на средствата, а за тоа доволно зборува ситуацијата со која се соочивме на терен-спортски објекти кои пропаѓаат, игнорирање на потребите на спортските работници и целосна стагнација на спортот.“ – рече Каевски.

Тој додаде дека за само две и половина години, успеале да направат пресврт во политиките кои значат враќање на спортот на посакуваното ниво.

Каевски најави реконкструкција на ваквите руинирани објекти и изградба на нови спортски објекти низ целата држава. Освен во Струга, започната е изградба на шест нови базени во шест општини.

Каевски информираше дека спортските сали се враќаат во сопственост на општините за ефикасно да бидат управувани и достапни за сите граѓани, а  за годинава најави изградба на Баскет 3х3 игралишта.

Во 2019 година во спортот се вложени 244 милиони денари од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари