Започнуваат натпреварите во Суперлигата, „Струга“ на дуел со екипата на „Борец“

- Локални, Спорт
747

Утре започнува македонската ракометна Суперлига. Првиот натпревар ќе се игра помеѓу екипите на Бутел и Прилеп  (старт 12:00 часот во Радишани).

Истиот ден во Битола се игра дербито на колото каде ќе е пресметаат Пелистер и Еурофарм. Овој натпревар е закажан за 18:00 часот.

Во истиот термин, Вардар Јуниор на домашен терен ќе се сретне со екипата на Радовиш, а со почеток во 19:00 часот во Велес ќе се игра ракометниот дуел помеѓу Струга и Борец.

Последниот меч е закажан за во недела кога екипата на Пролет ќе го пречека тимот на Охрид 2013.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари