Жител на струшко Ливада пронајден мртов покрај превртен автомобил во атарот на село Делогожда

- Локални, Хроника
627
На 18.05.2021 година во 19.40 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на шумски пат во атарот на струшкото село Делогожда, забележано е превртено возило „Нисан Примера“ со струшки регистарски ознаки и починато лице во близина на автомобилот. Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари