Жител на Валона извршил разбојништво во село Велешта

- Локални, Хроника
768

На 18-ти овој месец, околу 16:50 часот, во Полициската станица во Струга е приведен 37-годишниот О.П. од градот Валона, Република Албанија.

– За истиот, од судија за претходна постапка и Јавен обвинител се дадени насоки да се лиши од слобода, поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, извршено на 3-ти август на бензинска пумпа лоцирана кај местото викано „Суво поле“, во атарот на струшкото село Велешта. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари