ЖКК Струга 2009 освои високо трето место на WABA U 17 лигата

- Локални, Спорт
600

Во рамките од деветтото коло во прва лига жени ЖКК Струга 2009 ја совлада екипата на Шкупи со резултат 28: 60 (по четвртини 11:26; 11:11; 05:18 ; 01:15 ). Најдобри стрелци во нашата екипа беа Зендели со 23 поени, Укоска со 15 и Чолакоска со 8 поени.

Во рамките на јадранската кадетска лига во вториот турнир што се играше во Скопје ЖКК Струга 2009 беше подобра од екипата на Славонски Брод од Хрватска со резултат  76:66 ( по четвртини 24:20 ; 19:12 ; 18:18 ; 15:16). Најдобри во струшката екипа беа Чолакова со 26 поени и шест скокови, Модева со 23 поени и 15 скокови, Укоска постигна 12 поени, а на овој натпревар се истакна и Вељаноска со добра игра во одбрана како и Стоевска која имаше седум скока.

Во истата лига, Струга 2009 беше подобра од хрватската екипа „Брод на Сави“ со резултат 67:65 ( по четвртини 7:12; 06:18 ; 18:13; 26:22).  најдобри од нашата екипа беа Чолакова со 21 поен и осум скокови, Модева со 18 поени и 15 скока, Стоевска со 9 поени а Вељаноска и Укоска постигнаа по 7 поени.

После два турнири, ЖКК Струга 2009 освои високо трето место на WABA U 17 лигата. Следниот турнир се игра на 26-ти јануари 2020 година во Австрија, а нашиот клуб е домаќин на четвртиот турнир што ќе се игра на 23-ти февруари.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари